Министерот Спасовски по повод Меѓународниот ден на енергетска ефикасност

,,Со денешнава посета на СВР Куманово покрај редовниот работен карактер имавме за цел непосредно да направиме увид во досега сработеното во поглед на реконструкцијата и санацијата на објектот на Секторот за внатрешни работи Куманово. Ова е еден од најстарите објекти можеби и во најлоша кондиција во државата кој што започнавме да го реконструираме и навистина работиме на една темелна и квалитетна реконструкција, особено што мораме да имаме во предвид дека еден дел од зградата е изграден во 1929 година , а во последните 50 години немаме скоро никакви реконструкции или многу мали реконструкции во овој дел. Тоа покажува дека треба навистина сериозно да се зафатиме со реконструкција и токму поради тоа сме посветени во овој период, покрај другите објекти кои што ги работиме на територијата на целата држава, да го завршиме и објектот на СВР Куманово“.

Ова денес, меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на СВР Куманово нагласувајќи дека до сега министерството, за овие три и пол години, реконструирало некаде околу 54 објекти, додека во моментов се работи на реконструкција и санација на четири објекти и тоа: Секторот за внатрешни работи Куманово, Полициската станица Ресен и Полициските одделенија Маврово-Ростуше и Дојран.
“За сите овие објекти се изведува темелна реконструкција. Овде веќе еден дел од објектот е завршен, и ние очекуваме, во рамки на предвидените рокови, некаде најдоцна до први август да заврши целосната реконструкција на објектот на СВР Куманов“, потенцираше министерот Спасовски.
Министерот Спасовски ја искористи приликата и во контекст на денешниов Меѓународен ден на енергетска ефикасност, исто така нагласи дека при реализацијата на овие програмски приоритети се водевме од потребата за домаќинско, економично трошење како на вложените средства така и во поглед на користењето материјали што ќе гарантираат значителна енергетска ефикасност и заштеда, без притоа да се намалува на квалитетот или потребните стандарди.

“Најголемиот дел од зградите кои што ги реконструираме ги реконструираме со квалитетни материјали, односно материјали кои одговараат на заштитата на животната средина и на здравјето на граѓаните, и материјали кои што нудат енергетска ефикасност. Таков е случајот и со оваа зграда денеска, впрочем се трудиме, покрај создавањето на добри услови за полициските службеници, да користиме и вакви материјали кои што ќе бидат во функција на енергетска ефикасност и заштеда на МВР, меѓутоа даваме и придонес во заштитата и на животната средина и токму затоа конкретен пример може да биде и СВР Куманово каде што започнуваме со гасификација на целиот овој објект а на тој начин допринесуваме и кон оваа цел – да ја заштитиме животната средина“, рече министерот Спасовски .

Министерот Спасовски најави дека и натаму ќе продолжиме со вакви активности – создавање подобри услови за работа и поголема опременост на македонската полиција, се со цел подобрување на сигурноста и безбедност на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*