Средба на министерот Спасовски со амбасадор на Република Косово

Денеска , министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со амбасадорот на  Република Косово  во Република Северна Македонија Н.Е. Ѓерѓ Дедај.
На средбата амбасадорот  Дедај,  се заблагодари за поддршката што Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ја дава на Амбасадата и на Министерството за внатрешни работи на Република Косово  особено на државјаните на Република Косово, посебно за солидарноста изразена опреку  различни форми, посебно за хуманитарниот елемент и професионалното однесување на полициските службеници.
Амбасадорот Дедај ја истакна извонредната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете  држави која би требало да се продлабочи и интензивира , потврдувајќи ја и во оваа прилика поддршката  на Република Косово  за Република Северна Македонија  во делот на започнување на преговорите со ЕУ со надеж дека процесот ќе се  одвива во добра насока и покрај пречките што постојат на патот.
Министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски рече дека еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, но и на министерството е воспоставување на пријателска соработка со соседните земји  и  со земјите во регионот.  Одличната соработка што двете министерства ја имаат е резултат на веќе потпишаните Договори и протоколи кои уредуваат голем дел од областите на внатрешната безбедност, но дека министерството и во иднина е отворено за продлабочување на соработка  во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*