Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со Вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани. На средбата беа потврдени пријателските односи помеѓу двете држави и беа разменети мислења за тековната соработка и унапредување на истата во областите од заеднички интерес, со особен акцент на областа на безбедноста.
Во таа насока од страна на двајцата соговорници , за наредниот период беа разгледани можностите за искористување на потенцијалите за размена на искуства и реализација на проекти помеѓу двете министерства за внатрешни работи.