Димитров: „Преговорите со ЕУ се огромна шанса да создадеме европски услови за живот и работа

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на видео состанок заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, ЕУ амбасадорот Самеул Жбогар и амбасадорите на ЕУ земјите членки во земјата, на иницијатива на хрватската амбасада во Северна Македонија во својство на хрватското претседателство со Советот на ЕУ. Повод на состанокот беше одбележувањето на крајот на шестмесечното претседавање на Хрватска со Советот на ЕУ, како и редовна размена на мислења и информации за пристапниот процес на Северна Македонија. Се зборуваше и за најновите случувања во ЕУ и на домашен план, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите од ЕУ и регионот на Западен Балкан во справувањето со КОВИД 19 пандемијата.

 

МНР Димитров: „Преговорите со ЕУ се огромна шанса да создадеме европски услови за живот и работа за македонските граѓани. Уверени сме дека во втората половина на годината, нашите тимови ќе започнат со конкретната работа врз поглавјата односно кластерите на законодавството на ЕУ, како што е според новата методологија за водење на преговорите. Заедно со Амбасадорите на ЕУ разменивме мислења околу состојбата со коронавирусот на европскиот континент и изразивме надеж дека започнатото единство и солидарност во справувањето со оваа закана помеѓу ЕУ и регионот на Западен Балкан ќе продолжи и понатаму со уште поголем интензитет и координација, особено во претстојниот период кога полека ќе започнат да се отвораат границите за слободно патување на нашите граѓани и ќе биде потребно да се обезбеди економско закрепнување за нашите компании.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*