Интегрален текст од прес конференција – Александар Николоски In

Скандал од невидени размери е документот кој Никола Димитров под патронат на Владата на Заев и Спасовски го кријат од јавноста, а со кој Бугарија отворено го условува за датумот за преговори.

Македонија има нов голем проблем во нејзините европски интеграции.

Од Македонија се бара да се откаже од македонско малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски, затоа што малцинствата во соседните држави е нераскинлив дел од македонскиот народ, како и да се откаже од македoнскиот јазик и да користи само т.н. „службен јазик на Република Македонија“, исто така ќе мора брзо да работи со комисијата за историски прашања ако Македонија сака да продолжи со преговорите со ЕУ, помеѓу другото се вели во документот кој стана дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и без кој нема датум за преговори за Македонија. Со имплементацијата на одредбите на овој документ се условува одржувањето на првата меѓувладина конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

Ако го прифати ова македонската влада по сменетото име, ќе треба да се откаже од македонско малцинство, од македонскиот јазик, а и од голем дел од македонската историја. Со цел овој документ да не се крие од јавноста денес го презентирам пред сите вас. Во заклучоците на Советот на Европската Унија јасно стои дека изјавата на Бугарската делегација е составен дел од одлуката, а истата исто така ја приложувам содржината на овој понижувачки документ. Се со цел, да нема криење еве го јавно пред сите.

Со ова Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска влегуваат во проект за редефинирање, односно создавање на новата т.н.  севереномакедонска нација и целосно откажување од се што е македонско.

Ова е целосна капитулација на политиките на Зоран Заев. Ќе потсетам оваа влада својата политика ја темелеше на три постулати. Во економијата дека ќе донесе живот. Резултатот еве го гледаме, не само што не блескаме туку имаме огромна буџетска дупка што е директна последица на криминалната и недомаќинска политика на Заев. Вториот постулат им беше дека ќе го решат спорот со името за да одиме во ЕУ. Името го сменија, ама немаме заокружен датум за преговори. И третиот постулат беше дека отвораат пријателства и решаваат проблеми, а сега гледаме не само што не решаваат проблеми туку создаваат нови уште со уште потешки последици за националните интереси на Македонија кои што водат до национални неуспеси и порази.

И сакам да нагласам дека вината не ја бараме ниту во соседите, ниту пак во некој меѓународен фактор. Едноставно е, проценија дека Заев има цена и за него за се може лесно да се договора и да го добијат, а сето тоа на штета на македонските национални интереси.

Огромен скандал е што за ова молчи и Стево Пендаровски кој после неколку недели излезе со став во македонската јавност целосно релативизирајќи го овој скандал, цитирам дека изјавата го истакнува ставот на една земја, а не на заедничкиот став на ЕУ. Ова е целосно погрешно бидејќи од пред некој ден овој услов на источниот сосед стана дел и од официјалните документи на ЕУ, кои што ги приложувам со овој прес. Второ што сакам да го нагласам е да не се релативизира овој неуспех. Затоа што и претходно овие исти ликови не убедуваа дека спорот за името беше билатерално прашање кое еве како што гледаме како заврши на штета на Република Македонија. Трето и не помалку важно, претседателот на државата има ингеренции во надворешната политика. Прашањето е зошто тој со недели молчел за овој документ. Ако знаел тогаш зошто не превземал нешто. Ако не знаел тогаш зошто и кој го криел тоа од него? Овие се прашања на кои што очекуваме одговори од Владата и од претседателот на државата.

Почитувани,

Капитулациите на Зоран Заев немаат крај. Тој ја стави државата на колена.

Во една сериозна држава после ваков документ се отвора широка политичка и општествен дебата за да се одговори на истиот, се прави стратегија и се дејствува. Во Македонија ова се крие! За овој документ, неговата содржина во која се брише македонскиот народ, македонското малцинство во соседните држави, како и македонскиот јазик, како и криењето на неговата содржина мора да има политичка одговорност. Па видете до каде не донесе обидот на Заев да се спаси од одговорност за своите криминали и до каде не донесе кариеризмот на Никола Димитров. Целосно бришење на македонскиот јазик и македонскиот народ. После промената на името ова е финален обид за поништување на македонската држава онаква каква ја познаваме, а генерации ја сонуваа.

Нас како држава итно ние е неопходно да создадеме заеднички усогласена надворешна политика како и стратегија за национална безбедност. Овие два документи треба да се прифатени од сите политички партии и да бидат основа на работата на секој министер за надворешни, внатрешни работи и за одбрана како и директорите на безбедносните агенции, без разлика од која политичка партија и од која влада се. Тоа го предлага ВМРО-ДПМНЕ но наместо одговор на подадената рака добивме криење и бегање од одговорност, што резултира со национално понижување кој знае кое по ред со Заев и Димитров. За жал ова може да е фатално за државата и народот.

Членството на Македонија во ЕУ е стратешки приоритет број еден, желба на огромно мнозинство на македонскиот народ. Ние можеме и ќе станеме дел од ЕУ. Можеме тоа да го направиме достоинствено, а не понижени. Промената на криминалците и кариеристи од власт и еден чесен и патриотски тим може да ја направи Македонија партнер кој ќе биде ценет. Тој тим ќе гради добрососедски односи на рамноправна основа и взаемно почитување, а не понижување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*