Пратеници на СДСМ собираат потписи за свикување седница на Собранието

Прашање:   Дали е точно дека пратеници на СДСМ собираат потписи за претседателот на Собранието, Талат Џафери повторно да го свика Собранието,  дали СДСМ планира да го смени претседателот на собранието Талат Џафери и дали се во разговори со други пратеници и пратенички групи за повторно свкување на собранието?

Одговор:  И за јавноста , но и за медиумите , сакам да одговорам на ова прашање. Точно е дека СДСМ, дека пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија собираме потписи за  свикување на седница на Собранието.

Секако станува збор за иницијатива која ќе биде доставена до претседателот на Собранието господинот Талат Џафери.
Ставот на нашата пратеничка група е дека Собранието во една таква ситуација треба да биде ставено во функција . Секако сметаме дека за тоа се пропишани и сме во согласност со Уставот на државата, и затоа од таа причина сметаме дека треба да направиме уште еден обид во тој дел.
Добро е да се свика Собранието имајќи го во предвид времетраењето на оваа здравствена криза но секако и потврдувањето на одлуките на Претседателот на државата.
Би сакал да одговорам затоа што беше поставено во прашањата, дека оваа иницијатива е единствено и води единствено во таа функција.Сите шпекулации за наводен обид на нашата пратеничка група за тргнување на претседателот на Собранието, Талат Џафери секако дека ги отфрламе.
Секако правиме консултации и со пратеници од  други пратенички групи со кои го делиме истото мислење и денеска или во текот на утрешниот ден иницијативата ќе биде доставена до претседателот на Собранието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*