Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денес оствари работна средба со г-ѓа Росана Дуџак, Резидентен координатор на ОН

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денес оствари работна средба со г-ѓа Росана Дуџак, Резидентен координатор на ОН.

На средбата Чулев ја истакна исклучителната соработка на Министерството за внатрешни работи со Организацијата на Обединетите Нации, во чии рамки непречено се одвива и соработката со соодветните Канцеларии на ОН во Скопје, кои преку заеднички проекти вршат поддршка на Министерството и полицијата.

На состанок стана збор и за можностите за давање поддршка во справувањето со пандемијата од страна на Светската здравствена организација, како и конкретните барања во таа насока упатени до Канцелариите на УНХЦР, УНОДЦ, УНДП, УНИЦЕФ, ОБСЕ и ИОМ, важни за непречена работа на припадниците на МВР вклучени во справувањето со вирусот COVID19.

Чулев ирази благодарност за заложбите на Агенциите на Обединетите нации за поддршка на државата, со цел заеднички и одлучен одговор на пандемијата предизвикана од COVID-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*