Денеска во Охрид започна „Охридскиот дијалог“ чиј домаќин е претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Денеска во Охрид започна „Охридскиот дијалог“ чиј домаќин е претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, а во коорганизација со Алтланскиот совет и Охридската група. Министерот за надвореши работи, Никола Димитров, имаше воведно обраќање на неформалниот прием со кој се одбележа започнувањето на стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот.

На настанот присуствуваат голем број на дипломати и претставници од владиниот и невладиниот сектор од Европа и Америка. Меѓу нив на вечерата присуствуваат поранешниот генерален секретар на НАТО – Лорд Џорџ Робертсон и Дејмон Вилсон од Атланскиот совет кој ќе ја води неформалната дискусија. Настанот се организира во очекување на полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО.

 

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *