Министерот Бектеши го прими новоименуваниот кинески амбасадот Џанг Ѕуо

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со Н.Е. Џанг Ѕуо, новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Северна Македонија.

На средбата министерот и амбасадорот разговараа за досегашната соработка помеѓу двете земји, но и за можностите за соработка во иднина, особено во полето на економијата.

Министерот Бектеши го изрази своето задоволство за успешната реализацијата на досегашните проекти во областа на патната инфраструктура. Истакна дека постои голем потенцијал за проширување на соработката  и делот на енергетиката , туризмот, земјоделството и културата.

Бектеши изрази убедување дека развојот на трговските и економските односи меѓу двете земји ќе продолжи на високо ниво, особено во рамки на Процесот за соработка „17+1“.

Во рамките на состанокот министерот ги презентираше реализираните проекти и планираните активности на Министерството за економија во делот на енергетиката, трговијата, соработката со бизнис заедницата и поддршката на странските инвеститори, со посебен акцент на можностите кои што ги имаат домашните и странските компании согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите кој е основа за развој на економијата и има еднаков третман за сите инвеститори.

Амбасадорот Ѕуо изрази поддршка на политиките кои ги води Владата во делот на подобрување на билатералните односи меѓу двете земји и истакна дека е многу важно и понатаму интензивно да се работи на зајакнување на трговската соработка помеѓу Кина и Северна Македонија.

Потенцираше дека ќе вложи максимални напори, Република Северна Македонија да ја претстави како поволна дестинација за кинеските компании и ќе иницира средби и посети на кинески компании во земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*