Почитувани,
Прво дозволете преку вас медиумите да соопштам она што беше од информативен карактер на ЦО согласно нашиот статут на партијата, а тоа е дека утре ќе доставам предлог до Собранието за пополнување на неколу испразнети места и едно место коешто го испразнуваме поради преминување на друга фунцкија, утре ќе доставам предлог за нов министер за финансии, Нина Ангеловска.
Ќе доставам и нов предлог за нов заменик министер за образование и наука, Елизабета Наумовска, ќе доставам предлог за разрешување на за заменик министерот за економија Кире Наумов, којшто ќе оди да биде директор на Македонската Банка за поддршка и развој и на негово место за заменик министер за економија да дојде Кире Колемишевски и ќе предложам заменик министер на новото министерство за политички систем и односи со заедниците Неџат Мехмедовиќ.
Сакам да испратам порака прво дека се добива шанса за бошњачката заедница преку учество на позицијата заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците, се работи за млад кадар, перспективен кадар и преку него сакаме да испратиме порака за младите луѓе, да работат, да се трудат, да бидат препознаени, еве државата, владата, општеството ги препознава и дава сериозни шанси за раководни функции.
Исто така и Кире Колемишевски и Елизабета Наумовска, сериозна порака стручни луѓе коишто можат да дадат сериозен придонес и во економијата и во министерството за образование и наука, а секако и преку кандидатот за министер за финансии Нина Ангеловска, којашто е еден од оснивачите на Групер.мк, добитник на Форбс 30 млади луѓе, која е на 30 години, млад човек кој е и доктор на науки од УКИМ, којашто познат млад човек Република Северна Македонија ширум целиот регион па дури и пошироко во светот.
Пораката е, млади, работете, ангажирајте се, бидете видливи, борете се во оваа наша земја еве и високите позиции се достапни за сите граѓани. Јас верувам во нејзиното 8 годишно искуство да биде оснивач, да направи едена вакава преспективна компанија во модерните технологии којашто дефинитивно е препознаена не само дома, туку во целиот регион и пошироко, ја испраќа пораката дека навистина вреди да се заземете дома, токму дома, а не надвор од Македонија, а секако општеството знае да препознае и да даде шанса секој да се вгради низ институциите на системот и да придонесе во севкупниот раст, развој, осовремување и модернизирање на целокупното наше општетсво и нашата земја.
Сакам исто така да споделам со јавноста одуката којашто ЦО денеска ја донесе, а тоа е одлука да се изберат 5 потпретседатели на СДСМ. За потпретседатели се избрани Мила Царовска, актуелен министер за труд и социјална политика, Коста Петров, којшто е нов меѓу нашите редови, Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи, Мухамед Зеќири, актуелен пратеник во Собранието на РСМ, Дамјан Манчевски, актуелен министер за информатичко општество и администрација.
Преку Коста Петров, којшто е нов меѓу нашите редови, којшто е млад човек и е поканет денеска е во ЦО и истовремено е избран за потпретседател на СДСМ со сериозно образование, човек докажан, исто така ја испраќаме пораката дека е еден од примерите како може да се засукаат ракавите, да се направат напори да се успее во нашата земја. Ја даваме шансата да се вгради во највисоките политички структури, со своето искуство, да помогне во делот и на менаџментот и на маркетингот да го помогне СДСМ, заради тоа што веруваме дека ако партиите ги менуваме, ако станеме отворени и продолжиме да бидеме отворени за квалитетни луѓе од надвор, дека тоа ќе даде придонес на самите политички партии кои според мене, раководството на СДСМ и ЦО е предуслов за подобро, за промени кон подобро за севкупната наша земја.
Избравме исто така и претседател на новоформираната Комисија за едно општество за сите, а тоа е актуелната пратеничка Ѓулумсер Касапи, којашто е искусна жена, доаѓа од образованието, работела со многу млади луѓе од сите етнички заедници пренесувајќи го своето знаење низ образованиот процес, искусна е во политичките структури и верувам дека ќе даде многу сериозен придонес во постапките понатаму.
Секако ЦО донесе одкула за проширување на комисискиот состав како помошни тела и за нова Комисија за спорт којашто дефинитивно ќе почне со постапка за конкурс за кандидирање кадешто ќе следува и избор за нов претседател на ваквата комисија.
Претходно на ИО ги структуиравме секретаријатите на самите комисии, донесовме правилници, почавме постапка за избор на координаторки на форумот на жени на општинско ниво, за општински координаторки на жени и одредени други одлуки беа донесени, секако и за регионалните координаторки на жени, но и регионалните координатори на СДСМ во 6те изборни единици. Деталите ќе ги соопшти прес центарот за нивните имиња, бидејќи сите се докажани активисти на СДСМ и се главно помошно тело на генералниот секретар на партијата.
И секако ЦО го почнавме со актуелните политички случувања. Тоа е пракса, секогаш ЦО да почнува со таква точка. Актуелните политички случувања нормално се тие што ја преокупираат јавноста а токму тоа е случајот којшто е отворен од страна на Обвинителството за организиран криминал, за рекет, корупција, криминал и слично, и уште еднаш ги реафирмиравме сите наши одлуки, декларации, резолуции што СДСМ ги има донесено, а се составен дел од нашиот статут и уште еднаш со гордост потврдуваме, дека сме горди што како извршна власт овозможивме услови независниот правосуден систем полноправно да работи и да се бори за враќање на правната држава и враќање на правото. Секој кој се огрешил пред законот треба да одговара, создаваме услови навистина преку вакви предизвици, затоа што тоа е предизвик за сите земји, еве го сега предизвик и за нас да покажеме во суштината дека Република Северна Македонија се менува. Се менува со тоа што никој повеќе не прави влијание или притисок ниту врз обвинители, ниту врз судии.
Тие носат саостојни одлуки, како обвинителите, така и Судиите и веруваме во презумцијата на невиност, но и веруваме во исправноста, независноста со силата на аргументите и доказите да се докажуват постапките за можен криминал на секој кој евентуално се огрешил пред законот.
Јас верувам дека тоа се исправни чекори, вакви случаи што навистина се мачнина и тешкотија за сите во општеството се и предизвик. Истовремено, тие постојат во многу земји, постојат и кај нас.
Прашњето е како извршната власт, но и пред се и над се, правосудната власт се справува со нив, јас гледам дека Северна Македонија и граѓаните ќе излезат победници, со тоа што ќе потврдат дека функционира системот, дека секој си ја врши својата работа и дека секој кој се огрешил пред законот ќе одговара.
Порака е до сите, немојте да го кршите законот, без разлика на која позиција сте, без разлика што сте во општеството, без разлика кој сте, дали сте политички обоени, во секој случај законите во државата владејат и ќе владеат.