Делегација на Владата присуствуваше на Централната прослава по повод Денот на Армијата – 18 Август

Делегација од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во состав Драган Василевски, соработник за одбрана и Исмет Рамадани, соработник за подготовка, анализа и извештаи неопходни за остварување на стратешките приоритети и определби за членство во НАТО, присуствуваше на Централната прослава по повод Денот на Армијата – 18 Август која се одржа во Охрид, во Центарот за обука на вода.

Дел од одбележувањето на Денот на Армијата на Република Северна Македонија, беше и свечена пригодна програма, во чии рамки се обратија претседателот на државата, Стево Пендаровски, како и и Радмила Шекеринска, заменичка на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана.

Министерката им се заблагодари на припадниците на Армијата, на војниците, подофицерите, офицерите за нивниот придонес кон безбедноста и суверенитетот на нашата држава, за нивниот придонес во процесот за приклучување кон Алијансата, за нивното учество во мировните мисии, помошта на граѓаните при елементарни непогоди.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *