Република Северна Македонија ја потпиша Сингапурската Конвенција за медијација

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска ја потпиша „Конвенцијата на Обединетите нации за Меѓународни договори за спогодување, што произлегуваат од медијацијата“, позната како Сингапурската Конвенција за медијација.

 

Со потпишувањето на оваа конвенција, нашата држава испрати сигнал до странските инвеститори дека ги прифаќаме меѓународните инструменти со кои гарантираме сигурност на странските инвестиции.

 

Церемонијата за потпишување за Сингапурската Конвенција се одвиваше во организација на Министерството за правда на Сингапур и Комисијата на Обединетите нации за меѓународно трговско право (UNCITRAL).

 

Конвенцијата беше усвоена со консензус во Генералното собрание на ООН на 20 декември 2018 година. Тоа ќе биде првиот договор на ООН што ќе го носи името по Сингапур. Листата на потписници говори за значајноста на оваа конвенција: САД, Кина, Јапонија, Турција, Индија, Австралија, Иран, Катар и други.

 

Целосниот текст на Сингапурската Конвенција е достапен овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*