Средба на премиерот Заев со претставници од Сојузот на стопански комори и од Комората на сметководители

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со претставници на Сојузот на стопански комори и од Комората на сметководители, со Драган Митковски, потпретседател на Сојузот на Стопански комори и претседател на Комората на сметководители и Александар Милоше, потпретседател на Сојузот.

На средбата се разговараше за предвидените измени на Законот за вршење сметководствени работи, со цел поефикасно регулирање на сметководствената дејност и подигнување на кредибилитетот на Институтот за сметководители и овластени сметководители.

Изразена е заедничка определба за решавање на прашањата од интерес на сметководителите и овозможување транспарентно и одговорно работење.

-Ова е време на прогрес и како Влада цврсто сме посветени на применливи европски и светски практики што значат развој во сите области, вклучително и во областа на сметководителската професија, рече премиерот Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*