Членот на ЦО на СДСМ, Оливер Спасовски, придружуван од градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, претседателот на ОО на СДСМ Прилеп, Миле Талески денеска беше меѓу граѓаните на Прилеп и учествуваше на маалска средба во населбата Точила.
На средбата, Спасовски истакна дека се заокружува процесот на промени во партијата и извршната власт кои имаат за цел да го забрзаат напредокот и интеграциите.
– Со успесите во реформите на домашен и меѓународен план, европската иднина на државата после години стагнација е извесна. Оваа година стануваме 30та членка на НАТО и ќе ги започнеме преговорите со ЕУ, порача Спасовски.
Осврнувајќи се на темата за владеење на правото и правдата, Спасовски истакна дека последните случувања на полето на правдата покажаа дека државата креира независен и неселективен судски систем.
– Пред законот еднакви се сите и секој што погрешил ќе одговора, без разлика на неговата етничка, верска или партиска припадност, заклучи Спасовски.
Во своето обраќање пред присустните членот на ЦО Спасовски истакна дека официјалните податоци покажуваат дека економијата е стабилизирана, платите и пензиите растат, а трошоците се намалуваат.
– Социјалната помош порасна за 300 отсто. Имаме рекорден број странски инвестиции, се отвораат нови квалитетни работни места, правиме се да ги задржиме младите дома. Со мерката поврат на 15 отсто на ДДВ, 50 милиони евра ќе се вратат во семејните буџети. Се повеќе пари се враќаат кај граѓаните, истакна Спасовски.
СДСМ продолжува со средбите со граѓаните во текот на целото лето. Остануваме на страната на граѓаните и ги следиме нивните потреби, ги слушаме нивните сугестии и предлози.