Средба на претседателот Пендаровски со рускиот амбасадор Баздникин

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

 

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација и беа разгледани можностите за поинтензивни контакти на сите полиња од заеднички интерес.

 

Заеднички беше констатирана потребата од унапредување на економските односи меѓу двете држави со оглед на фактот дека Руската Федерација е значаен економски и трговски партнер на Република Северна Македонија.

 

На средбата беа споделени информации за актуелните случувања во двете држави и регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*