Собранието ги констатира смените и оставките на министрите опфатени од „метлата“ на Премиерот Заев

Собранието на Република Северна Македонија во средата ја одржа седницата на која главна точка на дневниот ред беше владината реконструкција предложена од страна на Премиерот Зоран Заев, исто така позната во јавноста како „метла“.

Минатата недела, Заев достави до собрнието предлог за смена на Министерот за Финансии Драган Тевдовски, Министерот за Земјоделство Љупчо Николовски, за Животна Средина Садула Дураки, за Локална Самоуправа Сухејл Фазлиу, за Култура Асаф Адеми, Министерот без ресор за Подобрување на Бизнис Климата Зоран Шапуриќ, како и Вице-премиерот одговорен за спроведување на Охридскиот Рамковен Договор Хазби Лика. Според прописите, оставки од своите функции до Собранието доставија Николовски, Дураки, Адеми и Шапуриќ, и истите беа прифатени од Собранието, но оставки не пристигнаа од Тевдовски, Фазлиу и Лика, по што по пат на гласање, со мнозинство од 64 гласа „за“, Собранието ги разреши од нивните моментални функции.

На разрешувањето на Фазлиу реагираше неговата матична партија НДП. Лидерот на НДП Весел мемеди тврдеше дека Министерствово за Локална Самоуправа секогаш било раководено од Албанец, и дека НДП ќе се повлече од владата доколку Фазлиу биде разрешен од фунцкијата. Според планто на Заев, лидерот на ЛДП Горан Милевски треба да го преземе ова министерство.

Иако претходно најави дека има намера покрај премиерската функција да ја преземе и таа на Министер за Финансии, Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница најави дека го повелкува овој предлог, наведувајќи ја како причина забелешката од страна на Државната Комисија за Спрелување на Крупцијата, која посочи дека според Законот за Корупција, државните функции Претседател на Владата на Република Северна Македонија и Министер за Финансии се неспоиви.

„Уставот и Законот за Влада дозволуваат премиерот да е и министер, но кога е отворена дилемата и дебатата во јавноста треба да ги слушаме Државната комисија за спречување корупција и опозицијата и експертите во јавноста. Сепак, владините ингеренции ми дозволуваат да раководам со Министерството за Финансии додека не се избере нов министер,“ изјави Заев.

На оваа негова изјава реагираа од ДУИ, потсетувајќи го дека Министерството за Финансии има саменик-министер, Ширете Елези, која според законот, ја презема министерската функција доколку Министерот од различни причини не може да ја обавува истата, или доколку се испразни министерското столче. Од ДУИ исто така велат дека „Премиерот Заев нема право на ваков начин да ги понижува функционерите од ДУИ. Ресор раководен од ДУИ не може да се преземе без постигнат договор со лидерот на партијата Али Ахмети“.

Опозициските пратеници го критикуваа Премиерот Заев за промените во владиниот кабинет. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев од собраниската говорница го нарече премиерот Заев авторитарен лидер, кој сака апсолутна контрола врз финансиите на државата за лични интереси. „Додека Заев изигрува диктатор, Македонската економија тоне се повеќе и повеќе, покажувајќи едни од најлошите резултати,“ на што Премиерот Заев возврати: „2019 е економска година за Северна Македонија, и ние постигнуваме и ќе постигнеме големи успеси на тоа поле. Ќе ви одржиме таква економска лекција, што барем уште 4 години ќе останете во опозиција“ Заев му реплицираше на Ѓорчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*