Унгарија го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Претседателот на Македонското Собрание Талат Џафери присуствуваше во вторникот на седницата на Парламентот на Република Унгарија во Будимпешта, каде 153 пратеници едногласно одобрија ратификување на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Унгарија е 19-тата земја-членка на НАТО која го ратификува протоколот. Се очекува и останатите 10 земји-членки да го сторат истото. Американската Амбасадорка во НАТО Кеј Бејли Хачинсон веќе најави дека Американскиот Сенат ќе го ратификува протоколот најдона до почетокот на оваа есен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*