Вице-премиерот Бујар Османи на средба со Унгарскиот Министер за Надворешни Работи Петер Сијарто

Вице-премиерот за Европски прашања Бујар Османи оствари средба со шефот на Унгарската дипломатија Петер Сијарто, кој престојува во официјална посета на земјава.

На средбата, Османи и Сијарто разговарале за Евро-интегративните процеси во Република Северна Македонија, како и за скорешниот самит на министри на кој ЕУ реши одлуката за датум за преговор за членство на земјава да ја одложи до октомври.

„Унгарија е предводник на групата земји – членки на Европската Унија, кои, експлицитно, преку декларација, побараа забрзување на процесот на европско интегрирање на земјава, и отворање на преговорите – веднаш “, истакна Османи, додавајќи дека покрај декларативната поддршка, која е секако многу важна, Република Унгарија обезбедува и билатерална поддршка за земјава, како важен елемент во зацврстувањето на капацитетите на преговарачката структура, и конкретно за зајакнување на капацитетите на Секретаријатот за европски прашања кој е клучна институција во процесот на европски интеграции.

„Веруваме дека проширувањето на ЕУ е во вистински интерес на самата Унија и
затоа сметаме дека одлуката за одложување на почетокот на преговорите е голема
загуба за ЕУ и во спротивност на интересите на Унгарија. Ние сме соседна држава на овој регион и затоа сме сензитивни на значењето и потребата од Евро-интеграциите,“ изјави Сијарто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*