Претседателот Пендаровски го прими амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски.

 

Претседателот Пендаровски и амбасадорот Тицињски изразија задоволство од развојот на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Полска, што се карактеризира со искрено пријателство, меѓусебна почит и доверба.

 

Претседателот истакна дека Северна Македонија високо ја цени јасната поддршка и помош од Полска за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, потенцирајќи дека само интегриран регион може да биде стабилен и просперитетен.

 

Двајцата соговорници констатираа дека во иднина треба да се посвети внимание на унапредување на економските односи и соработка помеѓу двете држави.

 

Амбасадорот Тицињски упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*