Состанок на Меѓуресорското тело за човекови права со кое претседава министерот Димитров

Денеска во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се одржа состанок на Меѓуресорското тело за човекови права, со кое претседава министерот Димитров, а во чија работа се вклучени државните секретари на ресорните министерства и раководните лица на релеванти институции и на независните тела за човекови права.

 

Централна тема на состанокот беа прашања поврзани со тековните и претстојните извештајни обврски на Република Северна Македонија согласно меѓународните инструменти за почитување и остварување на човековите права. Посебно внимание беше посветено на актуелните обврски за државата во областа на човековите права  во контекст на интеграцијата со ЕУ. Во таа смисла, беше констатирана неопходноста од усогласеност помеѓу имплементацијата на препораките во договорните тела и Планот за имплементација на Целите за одржлив развој.

 

На состанокот стана збор и за понатамошната работа на Меѓуресорското тело, со цел дефинирање на модалитети за вклучување на претставници од граѓанскиот сектор, активни во сферата на заштита и промоција на човекови права.

 

Имајќи предвид дека Канцеларијата на ВКЧП на ООН го посочи Меѓуресорското тело како добар пример за национален механизам за следење и известување, а заради поголема видливост, МНР е во подготовка на интернет страница за Телото, каде што, покрај другото, ќе бидат достапни и националните извештаи на земјата по договорни тела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*