Заев: Секој да даде придонес кон натамошен развој на државата, изборите да бидат успешни и да избереме претседател кој води напред

Како одговорен граѓанин на нашата земја, излегов и гласав.

Секој ваков ден на гласање е убав, и важен, кога граѓаните на најдиректен начин, на демократски начин, носат важни одлуки за својата земја.

Гласањето е  чест,  право, и граѓанска должност.

Денеска очекувам сите наши граѓани да изберат Претседател на Република Северна Македонија.

Од сите нас се очекува сериозна одговорност доколку постигнеме две работи. Избереме успешо претседател на државата и секако избереме претседател којшто ќе не води напред.

Сериозна зрелост ќе покажеме сите ако демонстрираме демократичност во нашиот избор, ако изборите бидат успешни, ако го држиме единството во нашата земја, и силно чекориме напред кон современиот свет, кадешто припаѓа нашата земја, Република Северна Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*