Премиерот Заев и Комесарот за национални малцинства на ОБСЕ Заниер: Северна Македонија е земја модел за успешно уредување на правата на заедниците во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска го прими во посета Високиот комесар за малцинства на ОБСЕ, Ламберто Заниер.

 

Премиерот Заев на средбата зборуваше за спроведувањето на Законот за употреба на јазиците со кој беше затворена законската рамка на Охридскиот рамковен договор, и нагласи дека договорот влезе и во преамбулата на Уставот, како легислатива што ја уредува употребата на јазиците на сите национални заедници во Република Северна Македонија.

 

Претседателот на Владата на РСМ Заев информираше и за подготовката на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам во Република Македонија, како стратешки документ за прашањата на мултикултурализмот и интер-културните комуникации, согласно на препораките од Советот на Европа кои беа посочени во последниот Извештај на Европската комисија од 2018 година.

 

Посебно внимание, истакна премиерот Заев на средбата, во наредниот период ќе биде посветено на развојот на концептот на интегрирано образование за кој нашата земја добива исклучително значајна поддршка од ОБСЕ, како што беше случај и во процесот на донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој беше подготвен со експертска асистенција од ОБСЕ и ЕУ.

 

Високиот комесар за малцинства на ОБСЕ Ламберто Заниер, од своја страна, го изрази своето нагласено задоволство од напредокот на Република Северна Македонија во негувањето и почитувањето на правата на заедниците, и нагласи дека ОБСЕ останува посветен партнер на политиките на земјата по овие прашања кои ја прават земја модел за успешно уредување на правата на заедниците во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*