Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

Добро вечер за Слога, добро вечер за Дреново, Ваташа, Киро Крстев, добро вечер Кула и добро вечер за победничка горда и честита Македонијо. Добро вечер за победничко Кавадарци. Добро вечер и ви благодарам, добри луѓе. Добро вечер добри луѓе и благодарам што еве денеска одвоивте дел од вашето време да бидете овде со нас со ВМРО-ДПМНЕ, со коалицијата За подобра Македонија и со идниот претседател на Република Македонија професорката Гордана Силјановска Давкова. Ви благодарам.

На прагот сме на уште една голема победа, победа за Македонија и треба да сте горди затоа што ние, ние бевме тие кои што кога на нејзе и требаше се исправивме пред предизвикот како што секогаш сме го правеле тоа наназад во историјата. Уште од 1893-тата година. Овие четири свети букви биле и ќе останат заветот на Македонија.

Пред да продолжам сакам нешто да искоментирам ќе ми дозволите. Во текот на вчерашниот ден неколкумина наши браќа поставија еден два транспаренти. Беа наменети за Гога. Еве јас ќе се обидам да им одговорам на тие наши браќа. Кога професорката Гордана беше ВМРО и кога професорката Гордана Силјановска Давкова и застана на првата линија на фронтот во одбрана на најпрвин на онаа неправедна територијална распределба во 2004-тата година. А потоа и сега кога крвареше Македонија, Вие браќа бевте на Бихаќка  да добиете инструкции што треба да му направите лошо на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија, додека таа крвареше заедно со нас. Така што ниту можете да пишувате, ниту смеете да пишувате дека Гога не била ВМРО. Гога е поголемо ВМРО и Македонија од сите вас заедно.

Тоа е неправда, а ние заедно со професорката Гордана Силјановска, со оваа жена која што беше пред вас, сопруга, мајка, сосетка, педагог и пред се пријател и голем Македонец сме овде денеска и бараме да ја вратиме правдата во Македонија, ајде заедно на 21 април да победи правдата во Македонија, а потоа да ја завериме правдата и на петти мај. И потоа се разбира добри луѓе, предвремени парламентарни избори и да им ја покажеме темната страна во историјата на овие квислинзи кои што денеска се власт во Република Македонија. Да им покажеме како се работи за татковината.

Што е неправда? Неправда е сето она кое што денеска и се случува на Република Македонија. Неправда е и тоа како дојдоа таму каде што дојдоа. Се сеќавам шетаа по плоштадите по улиците ширум Македонија. Седеа во нивниот штаб онде на Бихаќка и ги пуштаа оние воајерски снимки. Злоупотребуваа човечки судбини. Се сеќавате на онаа за Никола Младенов, на трагично починатиот новинар Никола Младенов. Кога велеше Зоран Заев, злоупотребуваше дека не било сообраќајна несреќа туку дека некој за жал го утепал тој бард на македонското новинарско перо. За да години потоа сопругата на Никола Младенов јавно на телевизија каже која е вистинската причина за тој трагично предвреме завршен човечки живот. Тоа била брзината со која го управувал возилото. Односно тоа кое што беше тогаш дел од полициските извештаи. А нормално деспотот  го нема нигде да излезе и да им се извини на граѓаните и на семејството на Никола Младенов затоа што ги злоупотребил. А зошто ги злоупотребил за пуста власт, ете тоа била причината.

Се сеќавате и на оној трагично згаснат живот на Мартин Нешковски, премиер стана поради тој случај, а јас можам денеска да се кладам, да се обложам со вас дека ниту знае што прави семејството, ниту пак прашал како од први до први врват. Иста е судбината и со Мартин Јанушев, иста е судбината и со малиот Саздо, дали знае тие семејства како живеат денеска, дали знае каков чемер и каква темнина ги обвиткала, додека убијците слободно шетаат на улица. Зошто, затоа што овој човек е бескурпулозен, затоа што овој човек е подготвен со човечките судбини да прави компромис.

Патриотите, кои што направија една грешка, добија два века затвор, два века затвор. Луѓето што си ја сакаат татковината, а оние од ИСИС кои што се вратија од боиштата во Сирија добија три пати помали казни. Три пати помали казни, мојот помал син има 3 години, Антониј ќе има девет кога ќе се сретне очи во очи со тие од ИСИС кои што, штотуку отслужиле затворска казна. Тоа ли е правда? Тоа е неправда.

Се сеќавате овде во Кавадарци велеа дека само што не го решиле проблемот со загарантиран откуп на производите, со грозјето, па доаѓаа па ветуваа денар премија па ветуваа уште нешто. Па не можело во февруари, па во април, па не можело во април, па дојде сега март, па што се случи да го видиме сега тој млад господин на кој што единствена задача му е да го удоволи неговиот шеф да ни каже на телевизија дека бил во Дубаи да се поднови со нови патики.

Е тоа е болната вистина додека луѓето крварат и мака мачат како први со први да скрпат, тие шопингуваат во Дубаи или скијаат во Гармишпартенкирхем или затвараат цели скијачки патеки за да можат господата  со моторите да се провозат. Или пак кога тоа не го прават управуваат со нивните скапи возила Мајбах, Бентли, Мерцедес или што ли уште не. Е и тоа е неправда.

Вчера бев во Ресен, луѓето солзи ронат, ги сечат со пила стеблата што род им носат, а тој род им е потребен да ги прехранат своите семејства. Зошто тоа го прават? Затоа што еден денар е килограм јаболко, еден денар. Истото беше и во Малешевијата и Пијанец, истата работа кога ги истураа сливите. Исто беше  и во Росоман со праските, исто беше и во Струмичко со патлиџаните и пиперките, и бостанот, точно. Исто е денеска и во Пелагонија траорно необрана е, исто е и овде во Кавадарци, исто е и во Неготино, исто е и во Тиквешијата.

Во Кочани оризот остана на нивите, а ветуваа загарантиран откуп, стумулација, ветуваа поголеми субвенции, а што донесоа, чемер и јад. Е тоа е неправда. Затоа добри луѓе, затоа браќа и сестри нас ни треба победа на 21 април, ни треба потврда на таа победа на 5 мај. Затоа ни се потребни овие работи. Ветуваа поголеми пензии за пензионерите, еве на први април стигна пензијата, не само што нема и ги намалија, а зошто ги намалија,за да има повеќе пари, да вртат тендерите во четири очи, видете ги камионите во РЕГ Битола на Вице. Тоа е суровата вистина во Република Македонија за жал.

Бев дел од гарди од гардискиот батаљон, прва гардиска чета, во гардата на Република Македонија. И секогаш кога доаѓаше висок гостин државник, премиер претседател не постројуваа да го пречекаме. Кога го испраќавме нашиот тогашен претседател исто така не постојуваа и кога го пречекувавме кога се враќаше. Така беше и по мене и по мојата генерација 2002, 2003, исто така беше и пред мене. Само вчера видовме како новиот пријател на Зоран Заев доаѓа, а ја нема никаде постоено македонската гарда, го нема македонскиот оркестар да ја интонира македонската химна. И замислете кое оправвдување го најдоа, доцнел авионот. Македонската химна вреди колку доцнењето на авионот, луѓе мои. А бараат глас, бараат поддршка од овој народ. Не, не е ни тоа вистината, знаете ли што е вистината? Вистината е што Зоран Заев се срами, да ја слуша заедно со неговиот нов пријател, бидејќи химната почнува со оние стихови, денес над Македонија се раѓа и Македонците се борат за своите правдини. Е тоа му страв да слушне.

Затоа што знае дека доаѓа правдата. Затоа што знае дека таа правда порано или подоцна ќе го стигне и него и сите околу него за сиот криминал кои што го сториле, од прв до последен.

Е затоа се плашат, затоа се срамат, па побрза оној негов деспотски избран кандидат за претседател Стево, да каже ние ќе ја интонираме химната ама инструментална верзија, немало да ја пејат.

Па денеска помалку смешно, помалку трагично, го гледам во Спортскиот центар Борис Трајковски каде што донесоа 300, 400 автобуси од цела Македонија вели ајде да ја пееме химната. Касно е, касно е Стево , доцна е веќе, кога требаше тебе те немаше, доцна е сега. Сега веќе е доцна овој народ на 21 април ќе ви покаже што значи најголема коалиција во историјата на политичка Македонија, со половина милион гласови. И ќе ве испрати на темната страна на македонската политичка историја. Ќе го растераме тој Дамаклов меч што надвиснал над нашата таковина. Вели помалку смешно не и требало на Македонија мајка и требал татко, замислете педагот, професор универзитетски, замислете човек џентлмен. А истиот тој украде кампања од две жени едната е Тереза Меј, другата е Хилари Клинтон. Стево со иста кампања е трета претседателка во светската политика. Зарем тој човек заслужува? Не, гласот за Стево е глас за Зоран Заев тоа е иста паричка со лице и опачина. Сакаме ли уште во Македонија да трае  кажувам, заборавам, негирам?Ајде сите во еден глас да кажеме ние сме за честита Македонија, Македонија тоа е она што нас ни треба.

И кога ќе имаат проблем да меѓусебе се убедуваат кој колку е паметен, кој колку е голем и убав итн. некој од публика ќе свика, почна од онаа девојка млада дама од Куманово, ако се сеќавате со оние познати три збора… вие господине Заев, па понатаму продолжи со оној малд господин кој што го спореди со Тито, за да најголемата трагедија, а во исто време комедија на кои што и Шекспир може да им позавиди и се случи во Прилеп, најголемото човечко омаловажување, дотерана во адидас тренерки вели сакам татко да ми бидете. Се чудам што ќе се случува и замислете тука не престануваат. Овој истиот што сака да биде претседател вели ве молам немојте да ме фалите повеќе зошто, затоа што ние сме им биле љубоморни.  Ама немојте ради нас да престанете ве молиме продолжете фалете го, да види народот со какви ликови си има работа, со кои луѓе си има работа.

Тоа е добри луѓе, браќа и сестри реалноста, тоа е конкурентот на нашиот блескав кандидат и иден претседател на Република Македонија. Ние нема да дозволиме, ќе работиме. Ве замолувам, од срце еден до еден, да работиме, да работиме и да покажеме дека ние сме различни од нив, за да победиме. А кога ќе победиме три пати повеќе да работиме, затоа што од пепел ќе треба да си ја креваме државата.

Нашата мисла е велика и мораме да работиме три пати повеќе за да можеме од пепел да си ја кренеме таковината, оваа наша мила мајка. Имаме кандидат и иден претседател на Република Македонија, кој што претставува вистинска инспирација, мотив, со своето св, со својата биографија, со сето она што го има направено, со сите оние образовани генерации низ клупите на правниот факултет, за целата онаа додадена вредност која што професорката Гордана Силјановска ја има оставено на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Истото тоа мултиплицирано ќе го прави за сопствената татковина Република Македонија, тоа е она кое што и е потребно на нашата таковина. Човек заштитник, пријател на народот, човек кој што ќе се бори за правдата и правото, а не луѓе кои што заштитуваат неправда. Беше први април пред некој ден, ние мислевме дека е априлилили, но не било, ни рекоа дека никој од нас не слушнал за Мирчо свињарникот , никој од нас не слушнал за еврото за Вице, никој од нас не слушнал за еврото за цркавата, ниту слушнал, ниту видел, тоа ни рекоа. Дали е тоа вистина ? Не е, нормално дека не е ама побрзаа да го амнестираат деспотот, побрзаа да ја исполнат неговата наредба, зошто, затоа што знаат дека после 21 април ништо нема да е исто. И тие слуги денеска кои што ги исполнуваат неговите наредби и заповеди после 21 нема повеќе, бидејќи  толку е победува ВМРО-ДПМНЕ заедно со Гордана Силјановска Давкова. Уште еден доказ дека и они се свесни дека им доаѓа крајот. Но политичката пензија нема да им биде мирна, има да одговараат за сиот криминал кој што го сторија, за целата пљачка која што ја направија во Република Макеоднија, пред законите, од прв до последен. Но за тоа омаловажување и понижување што ни го направија за сето ова, е тоа нема да им го заборавиме, за тоа ќе зборуваме во друга прилика.

Затоа браќа и сестри кога ќе кажат дека они биле државници и дека губеле од сопствениот рејтинг затоа што мислеле државнички, лажат, затоа што ниту за рејтинг се збори, ниту пак за државништво се работи. Едноставно е пусти пари се во прашање, функции и моќ. Тоа е вистината луѓето што се плашат и не ја говорат вистината, принцот на политичката лага во Република Македонија. Тоа е вистината за пусти пари се работи, кажете им на луѓето ниту за државништво се работи, ниту за рејтинг, за пусти пари, тоа работата. Тоа е вистината, тешка, болна пече, но тоа е вистината. Затоа ќе поминат години и ќе се сретнеме повторно на овој плоштад.

Затоа ќе поминат години и ќе се сретнеме повторно на овој плоштад, на улиците низ Кавадарци, низ Македонија, ќе се погледаме во очи и ќе разговараме дали тогаш кога можевме направивме се што можевме, дали тогаш кога можевме се што ни беше на располагање искористивме, затоа што нашата визија нашиот сон за Македонија е велики, нашата мисија е велика и колку е таа повелика добри  луѓе толку  нашиот пат ќе е потежок и ќе има многу предизвици и искушенија по него.

Но, ние, вие сите до еден овде сте храбри и мотивирани луѓе и јас сум сигурен дека покрај тоа што сте храбри и мотивирани, сте и одлучни, заедно рамо до рамо, грб до грб да си бидеме, потпора еден на друг ќе го изодиме патот, па колку и да има предизвици и искушенија и ќе победиме заеднички и ќе си ја вратиме Македонија таму каде што припаѓа.

Кој и да не демотивира, кој и да не демолизира да ни вели дека ова е невозможна мисија, тоа нека не мотивира дополнително да се исправиме на нозе и да се бориме. Мора да се бориме, тие што се борат победуваат.

Не победуваат ниту помоќните, ниту побројните, победуваат храбрите и мотивираните, ние сме такви браќа и сестри. Ние сме такви.

Ве повикувам заедно да се бориме еден на друг да си бидеме потпора да се обединиме, да се прегрнеме, да си помогнеме, да и помогнеме за да можеме да победиме на 21-ви април и 5-ти мај.

Тоа е онаа велика наша идеја. Тоа е нашиот сон за Македонија.

Ајде да го сонуваме да стане јаве.

Тоа е она што треба браќа и сестри.

Нема да должам, уште еднаш сосема на крај сакам да ве замолам од срце, од утре да ги преплавиме улиците, да ги преплавиме портите и домовите на нашите соседи, на нашите блиски роднини и колеги, да го пренесеме сонот за Македонија, сонот за честита, искрена и принципиелна Македонија, еден на друг да си бидеме потпора и заеднички да победиме на 21-ви април.

Да сте ми живи и здрави .

Да ние е жива и здрава Македонија.

Да ни е живо и здраво ВМРО-ДПМНЕ.

Ви благодарам од срце ис е гледаме наскоро во победничко Кавадарци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*