Претседателот на СДСМ и премиер Заев и претседателскиот кандидат Пендаровски од Крушево: Заедно, за да чекориме уште побрзо Напред!

Претседателот на СДСМ и премиер Заев и претседателскиот кандидат Пендаровски од Крушево: Заедно, за да чекориме уште побрзо Напред! 
Имаме претседателски кандидат кој ќе води напред и зад кого стојат граѓани од сите етнички заедници и политички определби, порача претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на вечерашната прва трибина во Крушево, во кампањата на кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски и ги повика граѓаните на сериозност и одговорност.
-Влеговме во тим за големи прашања, ги решаваме. Донесовме важни одлуки и продолжуваме напред. Со претседателски кандидат кој ќе биде ветар во грб, кој ќе биде сидро, ќе чекориме уште побрзо напред. Ова е патот.
Да избереме човек кој ќе води, оваа земја е на Стево, е на Заев, но е и на сите граѓани кои повикувам масовно да излезат на гласање, заедно сплотени, да избереме претседател на земја членка на НАТО и на ЕУ, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.
Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски посочи дека за прв пат во историјата на нашата држава зад еден кандидат пред претседателските избори застанале 31 партија и над 30 илјади граѓани од сите етнички заедници.
-Нашата опција е само напред. Нивната е назад. Тоа не смееме да го дозволиме. И нема подобра опција од интеграцијата во ЕУ. Ако некој мисли дека со изолација економијата ќе цвета се лаже, или лаже. Се разликуваме како небо и земја, затоа повикувам на макаимална мобилизација и излезност на изборите, повика претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски вечерва од Крушево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*