Едмонд Адеми: Македонската заедница во Хрватска важна алка за градење на соработката

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, во рамките на неговата посета во Хрватска , денес се сретна со Заедницата на македонците во Хрватска.

 

Министерот Адеми ги информираше присутните за веќе усвоената национална стратегија за соработка со дијаспората и беа разгледани можностите за идна заедничка соработка со цел реализацијата на активностите кои произлегуваат од стратегијата и акцискиот план.

 

Македонските здружениа во Хрватска побараа поддршка за нивните активности во Хрватска. Министерот Адеми вети дека ќе ја имаат неговата  поддршка и  ги охрабри да продолжат со нивната активна работа во промовирањето на вредностите и културата  на Република Северна Македонија во Хрватска.

 

Министерот Едмонд Адеми полднево ја посети и  локацијата каде што се гради  Македонската православна црква во Загреб и реализираше средба со отец Кирко Велински.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*