Средба на премиерот Заев со висока парламентарна делегација од Република Полска: Република Северна Македонија е подготвена за напредок и во европските интеграции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Ришард Терлечки, заменик претседател на Парламентот на Република Полска.

 

На средбата е изразена поддршка за евро-атлантските интеграции на Република Северна Македонија. Најавено е дека во скоро време полскиот Парламент ќе го ратификува Протоколот за прием на нашата држава во НАТО. Исто така констатирано дека Република Северна Македонија е подготвена да направи напредок и во европските интеграции. Заеднички е констатирано дека потребно е да продолжат политиките на проширување на Европската унија.

 

-Наша аспирација е на Самитот во јуни, во ЕУ, по 14-годишен кандидатски статус да добиеме датум на почеток на преговорите со ЕУ. Се надеваме дека континуираната поддршка на нашата земја, од нашиот голем пријател, Република Полска, ќе се потврди и во јуни, а ние работиме на аргументите да ја заслужиме таа поддршка, рече премиерот Заев.

 

Претседателот на Владата, Заев, посочи дека Република Северна Македонија важи за позитивен пример, како низ дијалог се решаваат важни прашања со соседите, низ градење пријателство и заедничка иднина. Тој дополни дека реформите успешно се спроведуваат. А решавањето на крупните политички прашања, процесот на прием во НАТО и охрабрувањата за приближување кон ЕУ, даваат резултати и на економски план, како што е зголемувањето на странските инвестиции за 4 пати во 2018 година, во однос на 2017 година, намалувањето на невработеноста, растот на индустријата и БДП, што води кон мотивација на младите да останат да живеат и работат во родената земја.

 

-Пред избори сме за 5-от претседател на државата и веруваме дека со свесност и одговорност од сите, ќе покажеме дека оваа земја има сериозни демократски капацитет, рече премиерот Заев.

 

На средбата е разговарано и за отворените можности за унапредување на соработката во областа на одбраната, економски план, на полето на туризмот, културата, и парламентарната соработка, поради што е во земјава полската парламентарна делегација. Премиерот Зоран Заев упати покана за официјална посета на премиерот на Република Полска, Матеуш Моравецки преку заменик претседател на Парламентот на Република Полска, Ришард Терлечки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*