Директорот на АХВ, Зоран Атанасов: Рокот за вградување на микрочипови кај домашните миленици се продолжува до крајот на годинава

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов денеска на прес-конференција информираше дека наместо до крајот на овој месец, рокот за бесплатна идентификација и регистрација на домашните миленици се продолжува до 31 декември годинава. За таа цел, како што рече директорот на АХВ, Атанасов набавени се 100 илјади микрочипови. Со нив треба да се идентификуваат и регистрираат сите домашни миленици, чијашто бројка, според податоците на Агенцијата, во моментов изнесува вкупно 49 илјади.

 

„Би сакал да нагласам дека од 1-ви април апликацијата на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а издавањето на пасошот, што следи со домашниот миленик 120 денари, додека самиот микрочип ќе биде донација од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Исто така, од 1-ви април инспекциските служби ќе изрекуваат и соодветни мерки, доколку затекнат неидентификуван домашен миленик. Само да нагласам дека казните се движат, за индивидуално лице од 100 до 150 евра во против денарска вредност, а додека за правните лица казните изнесуваат 1000 евра во против денарска вредност“, истакна на прес-конференцијата директорот на АХВ, Атанасов.

 

Бесплатното чипирање на домашните миленици, како што додаде Атанасов, е предвидено во тригодишната стратегија на Агенцијата за храна и ветеринарство, во којашто значаен сегмент е одговорното чување на домашните миленици и справување со проблемот со бездомните кучиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*