Работна посета на Државниот секретар Виктор Димовски на Република Србија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Виктор Димовски на 18 и на 19 март 2019 година престојуваше во работна посета на Република Србија.

 

За време на посетата Државниот секретар Димовски се сретна и разговараше со Високиот претставник на Република Србија во Постојаниот заеднички комитет на високите претставници на државите наследнички на поранешна СФРЈ, Александар Гајиќ, со кого беа разменети мислења за тековните и идните активности за примената на Договорот за прашања на сукцесијата. Заеднички беше констатирано дека подолг период не е одржана средба на Постојаниот комитет, што претставува своевиден проблем во континуитетот на решавањето на прашањата и примената на седумте анекси, кои се составен дел на Договорот за прашањата на сукцесијата од 2001 година. Воедно беше постигната согласност за потребата од интензивирање на средбите на високите претставници кои ја координираат постапката за доследна примена на претходно усвоените препораки на Постојаниот комитет.

 

На средбата беа разменети мислења и за актуелните состојби во двете земји, како и можностите за нивно натамошно интензивирање и продлабочување.

 

Државниот секретар Димовски за време на посетата се сретна и со претставници на македонските здруженија во Република Србија, претседателот на Националниот совет на МНМ во Република Србија, Борче Величковски , како и со претставниците на политичките партии – Демократска партија на Македонците, Македонска партија на Србија и Партија на македонците во Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*