Личниот интегритет и професионалните капацитети клучни за добро владеење

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска се обрати на Четвртата сесија на Работната група – 3 (Поглавје 23) од Националната конвенција за Европска унија во Република Македонија (НКЕУ-МК). Темата за денешната дискусија беа Реформите на Уставниот суд во Поглавјето 23.

 

Во изјавата за медиумите министерката за правда истакна дека Уставниот суд несомнено има една од најзначајните улоги во заштитата на човековите права, грижата за уставноста и законитоста во земјата.

 

–          За жал, дел од проблемите произлегуваат од недостатоците во Уставната рамка за работењето на Уставниот суд, но мислам дека тоа не е клучниот недостаток. Особено значајно е покажувањето на личниот интегритет на оние коишто седат во рамките на Уставниот суд. Уставниот суд мора да ја преземе улогата на заштитник на Уставот и уставноста, а не да биде фактор којшто ќе предизвикува уставни земјотреси, потенцираше Дескоска.

 

Како клучен нотиран проблем во дејствувањето на Уставниот суд, според министерката Дескоска, е што овој суд тој често пати ја има маската на политички орган, наместо на неутрален орган којшто ќе го интересира заштитата на Уставот и на човековите права.

 

–          Оваа власт којашто во моментот ја врши функцијата не врши никаков врз Уставниот суд и од тие причини очекувам тие да можат да работат слободно, но тоа секако зависи од нивните лични и професионални капацитети и личниот интегритет – истакна министерката за правда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*