Премиерот Заев на средба со извршниот директор на ТАВ Сенер

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружуван од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска се сретна со извршниот директор на ТАВ, Сани Сенер и со генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој.

На средбата беше потврдена одличната соработка со ТАВ којашто во иднина ќе се унапредува и продлабочува. Премиерот Заев ја  истакна важноста на традиционалното пријателство и одличната билатерална соработка на нашата земја со Република Турција во градењето на цврсти економски релации помеѓу двете земји.

Извршниот директор и претставниците на ТАВ го поздравија зачленувањето во НАТО на нашата земја која наскоро ќе се нарекува Република Северна Македонија и започнувањето на преговори со Европската Унија како важни процеси за стабилна бизнис клима и економски напредок на земјата.

На средбата се разговараше и за забрзување на процесот на реализација на новите инвестиции од 10 милиони евра што ТАВ ќе ги направи за модернизација на македонските аеродроми и за инвестиции од 35 милиони евра во инфраструктурни проекти, локални патишта, градинки, водоводи и канализации во висина, што произлегува како обврска на ТАВ од договорот за концесија. Постои согласност од двете страни дека во најбрз временски период треба да отпочне реализацијата на овие проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*