Претседателот на Сојузна Република Германија, Штајнмаер во телефонски разговор со Претседателот на Владата на Република Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев имаше телефонски разговор со Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер, во кој заеднички ја констатираа и потврдија историската важност на Договорот од Преспа, како за нашата земја така и за регионот и Европа.

Премиерот Заев се заблагодари на Претседателот Штајнмаер за поддршката којашто Сојузна Република Германија ја пружи за време на целокупниот процес на создавање на Договорот од Преспа, како и за поддршката која Претседателот ја дава за ратификација на протоколот за членство на нашата земја во НАТО.

Претседателот Штајнмаер во разговорот ги поздрави дипломатијата и дипломатскиот пример кои премиерот Заев ги дава за регионот и за Европа, оценувајќи ги како прогресивна вредност за целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*