Премиерот Заев во посета на „Костал Македонија ДООЕЛ Охрид

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и со в.д. градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиевски, вчера беа во посета на германската компанија со подружница во Република Македонија, „Костал Македонија ДООЕЛ Охрид“.

 

По кратката обиколка на фабриката, Премиерот во својата изјава, меѓу другото истакна дека е импресиониран од капацитетот и од условите за работа коишто ги нуди Костал, германска компанија којашто веќе трета година во Република Македонија произведува електронски и мехатронски делови за автомобилската индустрија.

 

Понатаму во својата изјава, Премиерот рече:

 

„Согласно договорот за државна помош, компанијата до крајот на минатата година требаше да инвестира помеѓу 20 и 30 милиони евра и да вработи најмалку 300 луѓе. Но актуелната состојба покажува дека овие бројки не само што се достигнати, туку дека се и многу поголеми од предвидените.

Како што ме информираше раководството, компанијата досега инвестирала 29 милиони евра, а во фабриката се вработени околу 350 луѓе. За истакнување е фактот дека просечната бруто плата изнесува повеќе од 730-тини евра или нето платата е 495 евра, што е близу до просекот којшто е амбиција на сите граѓани во Република Македонија.

Нивните амбиции продолжуваат и се очекува зголемување на капацитетите и во финансиски ефекти и во нови работни места.

Костал Македонија ДООЕЛ Охрид, којашто е директна странска инвестиција, е уште еден доказ дека Владата на Република Македонија е посветена на креирање политики коишто придонесуваат и за рамномерниот регионален развој.

Во оваа прилика, би сакал уште еднаш да го повторам ветувањето коешто им го дадовме на моите сограѓани, а тоа е дека 2019-тата ќе биде година на силен економски раст и развој. Ве уверувам дека економски Република Македонија, а наскоро Република Северна Македонија, многу повеќе ќе напредува. Стандардот на граѓаните забрзано ќе расте.

Со зачленувањето на Република Македонија во НАТО и со започнувањето на преговори со Европската Унија забрзано се отвораат економските перспективи за развој на земјата. Затоа силно сме фокусираме на креирање на уште по квалитетни економски проекти.

„Костал„ претставува добра пример и силна мотивација за следните инвестиции во Република Македонија“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*