Прес конференција, Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ и коалицијата

На предлог на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера почна постапката за измена на на Законот за земјоделство и рурален развој со која се олеснува пристапот до субвенции на илјадници тутунопроизводители кои имаат долгови кон Управата за јавни приходи.

Со измената, овозможуваме и оние тутунопроизводители кои имаат неподмирени обврски кон УЈП, да можат да добијат субвенции за нивното производство.

Обезбедуваме континуитет во производството на тутун и им олеснуваме на земјоделците.

За годинава, исплатата на субвнеции за тутун ќе започне веднаш по завршување на откупот на тутунот, а оваа година, исто како и минатата тутунопроизводителите ќе добијат зголемени субвенции на три нивоа.

Станува збор за околу 21.000 тутунопроизводители и 90.000 земјоделци кои аплицирале за субвенции.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува со спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат развој на земјоделството, зголемени и навремени субвенции и повеќе пари и повисок животен стандард за земјоделците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*