Константа на Владата предводена од СДСМ и Министерот за надворешни работи е работа за иднината на Македонија

Поднесената интерпелација од страна на ВМРО-ДПМНЕ за Министерот за надворешни работи е уште еден доказ за антизападната определба на ВМРО-ДПМНЕ да ги попречи евроинтеграциите. Граѓаните на Македонија одлучија дека се ЗА членство во ЕУ и НАТО, за напредок, стабилност и сигурност.

„Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ги отвори рововите на квази патратиотизмот и покажа што значи да се стават државните интереси над личните и партиските. Негова константа во целиот процес е Македонија и иднината на граѓаните особено на младите. Неговото знаење во комбинација со неговото искуство, визионерство и храброст како и соработка со Владата предводена од СДСМ, официјално ги отворија вратите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО“ рече денеска од собраниската говорница потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски.

Ратификацијата на Преспанскиот договор во македонското и грчкото собрание е доказ за заложбите на Владата предводена од СДСМ да стави крај на изолацијата, да ја обезбеди иднината, идентитетот,  и да ги отвори вратите на ЕУ и НАТО. Тоа значи влез на огромен пазар, зголемена конкурентност на македонски производи, економски раст, покачување на минимална, на просечна плата и повисок животен стандард.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*