Царовска: Просечната пензија за една година е покачена од 13.954 на 14.445 денари, пензиите постојано ќе растат

Во своето вечерашно гостување на ТВ 24 министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска одговараше на сите актуелни прашањи поврзани со реформите во пензискиот систем и денешната кривична пријава која МТСП ја поднесе во Основното јавно обвинителство. Царовска истакна дека пензиската реформа обезбедува стабилен пензиски систем и постојан раст на пензиите.

„Со пензиската реформа обезбедуваме праведност во системот за двете групи корисници, сегашните и идните пензионери. Со претходниот систем биле обесправени идните пензионери. Пример за тоа се овие 12.000 лица на кои не им биле префрлани средства во вториот столб, но и целосната поставеност на системот бил неправеден. Сега тоа го исправаме“, истакна Царовска.

Таа посочи дека не е точно тврдењето дека пензиите нема да растат. Порсечната пензија, посочи Царовска, од декември 2017 до декември 2018 година е порасната од 13.954 на 14.445 денари.

„Во изминатата година докажавме дека пензиите растат и тоа ќе биде случај и оваа година. Пензионерите може да бидат апсолутно спокојни. Реформата која ја правиме е избалансирана, до неа дојдовме преку темелни анализи грижејќи се да не оштетиме никого. Со неа го намалуваме дефицитот во ПИОМ за 2 милијарди годишно, но без радикални мерки како замрзување на пензии или покачување на старосната граница“ – рече Царовска. Таа истакна дека Владата покрај реформата во пензискиот систем воведува и социјлана пензија од која корист ќе имаат околу 6.000 граѓани кои во моментов немаат никакви примања.

Запрашана за тоа кога и како ќе се обесштетуваат пензионерите чии средства не биле префрлани во вториот столб, Царовска рече  дека трансферот за обесштетување на пензионерите почнува утре а првата исплата ќе опфати 4.926 осигуреници.

„Првата исплата на 4.926 осигуреници почнува утре, но и задолжителното префрлување согласно новата законска регулатива на 11.319 членови од вторите друштва кон првите веќе тече. Двата трансфера ќе завршат до крајот на месецов“, истакна Царовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*