ОСМАНИ: ПРЕСПА ГО ОТВОРИ ПАТОТ, НО ПЛАН 18 ЌЕ НЕ ОДВЕДЕ ДО СТАРТОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари работна средба со Директорот на Директоратот за проширување при Европската Комисија (ДГНЕАР), Кристијан Даниелсон.

„Имплементацијата на Договорот од Преспа ни го отвори патот, а имплементацијата на реформите од Планот 18, ќе не одведат до стартот на преговорите“ – истакна Османи на средбата, изразувајќи задоволство од досегашната динамика при реализација на Планот, но и од посветеноста на клучните министерства кои ги испорачуваат реформите.

„Имаме напредок практично во сите области: целосна одвоеност на агенцијата за следење на комуникациите од безбедносните служби; напредок во донесувањето на клучните закони од правосудството; нов закон за Комисијата за спречување корупција; а секако напредок има и во спроведувањето на стратегијата за професионализација и деполитизација на администрацијата“ – истакна Османи, посочувајќи притоа и на квалитетот на подготвените реформи, чија имплементација ги минува сите филтри на инклузивност на граѓанскиот сектор, консултации и со опозицијата, но и проверка со телата на Европската Комисија, Советот на Европа и венецијанската комисија, ГРЕКО, итн.

Османи и Даниелсон разменија мислења и за очекувањата на Европската Комисија во пресрет на Извештајот за земјава, кој ќе претставува основно мерило за подготвеноста на земјата, и главниот параметар по кој очекуваме потврда на одлуката за почеток на преговорите на јунските самити на Европската Унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*