Владата на Република Македонија останува посветена на силната поддршка на медиумите

Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска на прес-конференција во Владата на Република Македонија, ги соопшти резултатите од реализацијата на средствата од Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година.

Од вкупно 13 пристигнати барања, одобрени се 11, информираше министерот Поповски. На овие 11 новинско-издавачки компании, им се распределени, согласно критериумите 42 милиони, 568 илјади и 620 денари, од вкупно 50 милиони денари за поддршка на печатените медиуми што беа предвидени за оваа намена во Буџетот за 2018 година.

Овие средства од Буџетот на РМ, наменети за поддршка на печатените медиуми на компаниите издавачи им се доделени за веќе остварени трошоци и тоа на весниците на македонски јазик во висина од 50% за направените трошоци за печатење и 50% за трошоците за дистрибуција, а на печатените медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во висина од 70% за направените трошоци за печатење и 70% за трошоците за дистрибуција.

„Иницијативата за поддршка на печатените медиуми дојде од страна на Здружението на новинарите на Македонија, кое потоа реализацијата на овој проект го препушти на Асоцијацијата за заштита на печатените медиуми на (АЗПМ), кое, во соработка со Владата на РМ, ги подготви критериуми.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*