Претседателот Иванов во Работна Посета на Република Турција

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од денеска – 26 ноември 2018 година, понеделник, престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 9. Самит Босфор, што ќе се одржи во Истанбул.

Претседателот Иванов ќе се обрати на отворањето на самитот, чија главна тема годинава е „Одржување на мирот и развојот за сите“.

Во рамки на работната посета на Република Турција, претседателот Иванов ќе го посети градот Бурса, каде е предвидено да одржи предавање на Универзитетот „Улудаг“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*