Потпишан Меморандум за Соработка во Борбата Против Тероризмот Меѓу Македонија и Австралија

Денеска во министерството за внатрешни работи на Република Македонија се
одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Македонија
Оливер Спасовски, Директорот на Управата за безбедност и контрарузнавање Горан
Николовски и делегација на Комонвелтот на Австралија предводена од Н.Е. Рут
Стјуарт, нерезидентен aмбасадор на Австралија за Република Македонија, и Н.Е. Пол
Фоли, aвстралиски aмбасадор за борба против тероризам.

На средбата беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на
Република Македонија и Владата на Австралија за соработка во борбата против
тероризмот и беше потенцирана одличната досегашна соработка помеѓу
безбедносните служби на двете земји, како и намерите за интензивирање на
соработката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*