Бектеши: Со подзаконските акти ги потикнуваме домаќинстава за користење на обновливите извори на електрична енергија

Министерот за економија Крешник Бектеши и Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска  учествуваа на јавната расправа за Правилникот за обновливи извори на енергија (ОИЕ) и Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, која се одржа во Стопанска комора на Република Македонија.

„Законот за енергетика ги вклучува и барањата за конкурентен процес на наддавање за инвеститорите кои ќе користат мерки за поддршка, односно премии, како и интеграцијата на оваа енергија на пазарот на електрична енергија. Средствата за исплати на премии ќе се обезбедуваат од Буџетот на РМ на годишно ниво, за што Министерството ќе доставува Годишна програма до Владата“ истакна Бектеши, додавајќи дека Министерството за економија ќе ја спроведува тендерската постапка на транспарентен начин и во согласност со законот.

Министерот Бектеши информираше дека заложбата на Владата е промовирање на користењето на обновливите извори на енергија и можноста за поголемо вклучување во користењето на овие извори, па врз основа на анализите за техничко-технолошките услови, начинот за приклучување и начинот на користење и пристапот на електродистрибутивниот систем, преку оваа јавна расправа се нуди  решение со кое домаќинствата – потрошувачи ќе можат да произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, а вишокот да го предаваат во електродистрибутивната мрежа.

„Со новиот Закон за енергетика веќе не се лимитира процесот на инвестирање во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија како порано. Сега се овозможува инвестирање во капацитети од 200 мегават часови инсталирана снага, а државата ќе обезбеди градежно земјиште кое ќе биде соодветно уредено на кое ќе има можност за инсталирање на фотоволтаици со различна моќност“ истакна вицепремиерот Анѓушев, притоа додавајќи дека во однос на користењето на државна поддршка се воведува премиум тарифа, а  ќе ја добијат инвеститорите кои ќе побараат најмала субвенција.

Со правилникот за обновливи извори на енергија и со Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија се уредува начинот на кој се одбиваат лиценците, концесиите како и производството и продажбата на електрична енергија од обновливи извори на енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*