Одбиена е Молбата на Груевски за Одложување на Затворската Казна

Кривичниот суд го одби барањето на екс премиерот Никола Груевски за одложување на затворската казна. Груевски сега има право да поднесе жалба до Кривичниот совет, коj ќе има рок од три дена да се произнесе.

Ако и тие ја отфрлат жалбата, Груевски на 8 ноември ќе мора да се јави во истражниот затвор „Скопје“ каде што треба да ја одлежи казната.

Од затвор Груевски може да го спаси и Врховниот суд, но според временските рокови и процедури тоа не е возможно да се случи пред 8 ноември, туку откако веќе екс премиерот би влегол во затвор.

Адвокатите на Груевски бараа тој да не замине на издржување на затворската казна на 8 ноември, поради пратенички обврски и обврските околу пишувањето на книга поврзана со неговиот докторат.

Двегодишната затворска казна на Груевски му беше изречена за предметот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузното возило „мерцедес“.

И од Кривичниот суд ја потврдија информацијата.

-Заради интерес од повеќе медиуми, како суд ја информираме јавноста дека судија за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по молба за одлагање на извршување на санкција определена со правосилна пресуда во предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“, донесе решение со кое ја одби молбата. Решението на судија за извршување санкции е испратено на странките во постапката кои имаат право на жалба против ова решение во рок од 3 дена до Кривичниот совет, информираат од судот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*