Прес конференција на Костадин Костадинов

Почитувани граѓани, почитувани новинари

Шемите на антизападниот Христијан Мицкоски со негвоиот ментор и носител на криминалот,Никола Груевски излегоа на виделина.

Антизападниот пион Мицкоски, додека бил советник на Груевски, преку неговата „Енрготек ДОО Скопје“ добил согласност за користење вода и закуп на државно земјиште за изградба на хидроцентрали.

Во шемите преку оваа компанија е вклучен и Димитар Димовски, актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и десна рака на некогашниот министер за транпорт и врски Миле Јанакиески.

Некогашната пак лева рака на Миле Јанакиевски, Игор Јанушев, е Генерален секретар на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е истиот Игор Јанушев кој е осомничен во истрага на Специјалното јавно обвинителство, за набавка на автобуси, како што е јавно соопштено, со што е нанесена штета на буџетот на РМ во износ од 5 милиони евра.

Тоа е истиот Игор Јанушев познат од политичките бомби кај кого Миле Јанакиескителефонски препраќа поранешни началници од МВР, за да се изработат лични карти, за изборите во Струмица.

Тоа е истиот Игор Јанушев кој како директор на ЈСП на крајно сомнителен начин изнајмувал автобуси за митинзи на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Димитар Димовски и Игор Јанушев, десната и левата рака на Миле Јанакиески, еден од најблиските соработници на Никола Груевски се очигледно најблиските соработници и на антизападниот пион Христијан Мицкоски.

Очигледна е спрегата на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионотМицкоски со криминалите на Груевски и Јанкиески.

Во ова антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ владее истата матрица на Груевски.

Затоа антизападното раководство и Хидро Мицкоски работат против ЕУ и НАТО.

Ова е уште една причина, останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да ја напуштат оваа криминална политика на антизападното раководство и да се приклучат во процесите во Собранието за полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*