На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформски процеси кои се од голема важност за државата.
Мицкоски на средбата информираше за политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите.
Претседателот Мицкоски посочи дека таквото однесување на власта е далеку од европските вредности кон кои се стреми државата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за се полошата економска ситуација во која се наоѓа земјава. Заради неспособноста на власта да обезбеди економски раст и катастрофалната реализација на капитални инвестиции граѓаните живеат се полошо.
Двајцата соговорници се осврнаа и на реформските процеси важни за приклучување на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го подржува секој процес, доколку истиот е во насока на јакнење на демократијата и е од интерес за граѓаните.
На средбата беше истакнато дека од огромно значење е поддршката на Република Франција за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но за тоа неопходно е земјава сериозно да се зафати со реформите, каде што за жал моментално власта сериозно заостанува.