Премиерот Заев во Дебатата на Комисијата за Уставни Прашања: Дали сме за ЕУ и НАТО?

Претседателот на Владата на Република Македонија повика одлуката за уставни измени за прифаќање на Договорот од Преспа, со што се обезбедува евро-атлантската иднина на Македонија, да биде донесена заеднички, со поддршка и од власта и од опозицијата.

Ова премиерот Заев го порача на седницата на Комисијата за уставни прашања во Парламентот, каде тече расправа по Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија.

Во репликата кон пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој побара ВМРО-ДПМНЕ да не се става на другата страна од заложбите за членство на Македонија во ЕУ и НАТО и повика на заедништво, единство и консензус во процесот, премиерот Заев порача:

– Ако и ВМРО-ДПМНЕ е За, ајде да ги донесеме одлуките. Добивме држава признаена од сите. Имаме признаен идентитет, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев нагласи дека успешен референдум значи и мнозинство и консензус, и дека во овој случај мора да се земе предвид изразената волја на излезените 600.000 граѓани.

– Мораме да донесеме одлуки. Шансата е неповторлива. И Мицкоски и Иванов знаат дека за секој телефонски разговор во процесот на постигнувањето на договорот, информирав. Некој мораше да донесе одлука и го направив тоа. Преземете и вие одговорност и да ја обезбедиме државата, повика премиерот Заев, во врска вклученоста на опозицијата во процесот.

Претседателот на Владата, Заев објасни дека компромис е можен само со отстапки од двете страни и дека тоа го направил и нашиот јужен сосед, како и нашата држава.

Премиерот Заев изрази верба за можен успешен процес во Собранието за уставни измени и членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

– Верувам блиску сме, единство, заедништво, консензус, но немојте назад. Видовме што се случи. Ни заминаа млади, светот напредува, а ние одиме назад. Што ако ја пропуштиме оваа шанса? Да, решението е заедно, верувам дека исти ни се целите за Македонија во ЕУ и НАТО, порача премиерот Зоран Заев.

На седницата на Комисијата за уставни прашања, премиерот Зоран Заев се заблагодари за зрелоста покажана од албанскиот политички блок и од другите етнички заедници, за изградба на Македонија во едно, напредно општество.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*