Не можејќи да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ, раководството на ВМРО-ДПМНЕ шири рециклирани лажни вести.
Залудно. Продажбата на компанијата ЕДС, која со години успешно функционира во 9 држави е законска и транспарентна, а јавноста беше информирана и за прецизниот износ за кој компанијата е продадена.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и владата предводена од СДСМ продолжуваат со спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат повеќе инвестиции, поголеми плати, нови работни места и засилен економски раст.