Нервозата во врвот на ВМРО-ДППМНЕ денеска кулминираше со недозволиво понижување на граѓаните.
За ВМРО-ДПМНЕ над шестотини илјади граѓани кои гласаа на референдумот се нерелевантни!
Тоа е истата матрица на Никола Груевски преку која со години граѓаните беа малтретирани, понижувани и омаловажувани, која им го кратеше правото на глас, на слободно изразување и слободен говор.
Фокусиран на амнестијата, врвот на ВМРО-ДПМНЕ не знае што прави, партијата не знае каде тера.
Нема ништо порелевантно од волјата на над 600 илјади граѓани!
Граѓаните се најважни!