Денешниот прес на Мила Царовска и веќе обвинетиот за поткуп Зоран Заев е нов обид за купување на гласови ЗА Северна Македонија, поточно поткуп за претстојниот референдум.
Почитувани слушаме само паушални бројки, звучни за немоќните и ранливите граѓани, без конкретни услови и дефинирани критериуми и буџет.
Уште едно неисполнето лажно ветување на СДСМ.
Спротивно на европските трендови се најавува мерка за зголемена пасивизација на овие лица наместо активирање на пазар на труд и зголемување на платите.
Со оваа најавена лага ќе се зголеми пасивноста на лицава кои ќе паднат во длабок социјален ризик. Нема мотивација за барање работа, за преквалификација, ќе се чека само помош. Работодавачите ќе немаат работници.
Вака од парите на граѓаните се купуваат само гласачи за референдум.
СДСМ вети решавање на статусот на сите стечајци по три законски измени и две години од власт уште не ги решија.
СДСМ вети помош од 12 000 денари на секое семејство во сиромаштија и тоа не исполнија. Па сега неисполнетите ветувања ги покриваат со нови празни зборови.