СДСМ крие што прифатил Зоран Заев да менува во Уставот на Република Македонија. СДСМ не му дозволува на Заев да се појави на телевизиско соочување со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ниту отворено да каже што ќе менува во Преамбулата членот 3 и членот 49 од Уставот, што е тоа „непријатно“ за македонскиот народ?
СДСМ се плаши од споменување на Македонци во Република Македонија. Не може да прифати дека Македонци се сите македонски државјани. Тие, Македонците, ја увидоа лагата за погубниот договор за Република Македонија. Зоран Заев и СДСМ договорија бришење на нивниот идентитет и нивно претворање во вештачка нација, во „Граѓани на Република Северна Македонија“ без идентитет.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, секој да постапи според сопственото убедување. Стравот на СДСМ е токму од тоа убедување и чувства на македонскиот народ, на Македонците кои ја препознаа капитулацијата прифатена од Заев.