Мицкоски се сретна со Столтенберг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес 6 септември 2018та година оствари средба со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

На средбата стана збор за актуелните случувања во земјава, за договорот со Грција и претстојниот референдум.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува интеграциите на земјава во НАТО, и дека членството во оваа организација, како и интеграциите во Европската Унија се од стратешки интерес за земјава.

Воедно тој подвлече дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела.  ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта треба да се посвети на подобрување на реалните области за живот кој се од суштествено значење за граѓанинот, а таму се до сега се забележува огромна стагнација пропратена со огромен број на афери и сомнежи за злоупотреба.

Што се однесува до самиот став во однос на референдумското изјаснување ВМРО-ДПМНЕ привршува со процесот на широки консултации и во текот на идната недела ќе заседава Извршниот и Централниот комитет на партијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*