Царовска во Берово: Имаме силна поддршка, да ја искористиме, со социјалните реформи подготвени да станеме пример во регионот

Подобрување на условите за згрижување на стари и на лица со попреченост, зголемувањето на социјалните права, растот на платите и социјалните реформи, беа темите за кои министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска  разговараше со претставниците од локалната власт и граѓаните во Берово.

 

На средбата со граѓаните министерката Царовска, истакна дека со зачленувањето на Мaкедонија во ЕУ и НАТО создаваме европска држава во која ќе расте стандардот и граѓанските права, а тоа ќе го постигнеме преку искористувањето на европските фондови кои во секторот социјала за земјите од ЕУ достигнуваат и до половина милијарда евра годишно.

„Институциите треба да станат сервис на граѓаните,  а тоа го овозможуваме со бројните реформи во системот за социјална заштита. Ние сме подготвени да станеме позитивен пример во регионот и светот тоа го цени. Сите заедно работиме Македонија да биде нова голема надеж за регионот и Европа и затоа добиваме поддршка. Имаме поддршка од демократскиот свет, да ја искористиме и да обезбедиме иднина,“, изјави министерката Царовска во Берово.

 

Министерката  Царовска денеска  постета на Берово  ја искористи за средба со градоначалникот Звонко Пекевски, и со вработените во Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа. Министерката го посети и Дневниот центар за лица со посебни потреби и за Домот за страи лица „Иван Влашки“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*